Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, зборуваше по спектакуларното реми 3-3 против тимот на Рајо Ваљекано. Тој негираше дека е нервозен и покрај негативниот резултат, правејќи споредба со некои од претходните грешки на „кралевите“.
„Ние поведовме, но ни недостасуваше сигурност во нашиот шеснаесетник. До 3-2 игравме многу добро. Откако направивме грешка, се боревме до крај. Ова не е реми како оние со Мајорка и со Лас Палмас. Ова е реми по стабилна игра од еден тим кој е подготвен да се бори. Јас сум задоволен. Не можевме да направиме ништо подобро, а иднината изгледа светла. Во среда можеме да го освоиме Интерконтиненталниот куп, што би била совршена завршница на годината. По ремијата со Мајорка и Лас Палмас бев нервозен, но сега не сум, затоа што видов тимска игра“, изјави Анчелоти.
Тренерот на шампионите ја коментираше и контроверзната ситуација во второто полувреме, поради која Винисиус Жуниор побара пенал, но наместо тоа доби жолт картон.
„По гледањето на повторената снимка, за мене пеналот изгледа сосема очигледен“, додаде Анчелоти.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Евро-фудбал
Легендата на Ливерпул заврши на интензивна нега
Евро-фудбал
Арне Слот ја откри судбината на Мохамед Салах
Млади репрезентации
Македонија У18 на двата теста поуспешна од врсниците од Црна Гора
Млади репрезентации
Капинковски: Оваа генерација има потенцијал за добри резултати
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













