Connect with us

Анчелоти: Игравме против тим што беше подобар од нас и заслужено победи

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, мирно го прифати убедливиот пораз од Манчестер Сити со кој „кралевите“ ја загубија европската круна освоена лани. Англискиот тим славеше со 4-0, а италијанскиот стратег призна дека ривалот бил подобар и дека заслужено се пласира во финалето на Лигата на шампионите.


„Игравме против тим што беше подобар од нас, ни создаде многу проблеми со високиот пресинг и победи заслужено. Не е трагедија да загубиш фудбалски меч, многу полоши работи може да ти се случат, во спортот и во секојдневниот живот. Не е ништо срамно да се загуби полуфинале во Лигата на шампионите, дури и со овој резултат. Немаше пад на моите фудбалери на психолошки план, туку едноставно ривалот беше подобар на теренот и нѐ надигра и спортски е тоа да се признае“, изјави Анчелоти.

Манчестер Сити во финалето на ЛШ во Истанбул ќе игра против Интер на 10 јуни.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови