Connect with us

Анчелоти го забележа првиот триумф со Бразил и обезбеди пласман на СП 2026 (ВИДЕО)

Карло Анчелоти ја забележа првата победа како селектор на бразилската репрезентација, откако „кариоките“ го совладаа Парагвај со 1-0 и официјално изборија пласман на Светското првенство во 2026 година.

Победничкиот погодок го постигна Винисиус Жуниор, кој воедно беше и првиот стрелец за Бразил во „ерата Анчелоти“.

Бразил освои три бода, но не прикажа блескава партија и остана под очекуваното ниво на игра, запишувајќи само шеста победа во вкупно 15 одиграни натпревари.

Покрај Бразил, пласман на Мундијалот обезбеди и селекцијата на Еквадор, која одигра нерешено (0-0) на гостувањето кај Перу – резултат доволен за сигурен пат на светската сцена.

Уругвај и Парагвај се на чекор до директен пласман, бидејќи им е потребен само еден бод во преостанатите две кола. Колумбија, пак, е сигурна на шестата позиција, која исто така носи директен билет.

За учество во интерконтиненталниот бараж ќе се борат Венецуела и Боливија, кои моментно се одделени со само еден бод.


Резултати (Јужноамерикански квалификации – 15. коло):

  • Перу – Еквадор 0-0
  • Бразил – Парагвај 1-0
  • Аргентина – Колумбија 1-1
  • Уругвај – Венецуела 2-0
  • Боливија – Чиле 2-0

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови