За многумина Чаби Алонсо е првиот фаворит за наследник на Карло Анчелоти на клупата на Реал Мадрид од следното лето, но на списокот се појави едно интересно име кое наводно го препорачал искусниот Италијанец.
Роберто Де Зерби го воодушеви фудбалскиот свет со работата што ја работи во англискиот премиерлигаш Брајтон, кој е вистински хит во фудбалскиот свет поради неговата одлична игра и добрите резултати во Премиер-лигата.
Овој 44-годишен Италијанец прави чуда со Брајтон кој го презеде пред една година, а наводно Анчелоти му рекол на Перез да го земе предвид доколку има непредвидени проблеми со останатите кандидати.
Де Зерби ја започна својата кариера во Дарфо Боари, а подоцна ги водеше Фоџа, Палермо, Беневенто, Сасуоло и Шахтјор Доњецк.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













