Connect with us

Анчелоти: Ел Класико е секогаш врвна пресметка, и без Меси, Кристијано или Рамос

„Камп Ноу“ ќе „гори“ затоа што денеска Барселона и Реал Мадрид ќе го играат натпреварот на сите натпревари, дерби пресметката наречена „Ел Класико“. Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, го сподели своето мислење за промените во тимовите пред големиот дуел со Барселона во десеттото коло на шпанскиот шампионат.


„Двата тима се менуваат, но сепак ќе имаме одличен натпревар. Физички, само се подобруваме. Сè уште не знаеме какви височини можат да достигнат играчи како Ансу Фати или Винисиус Жуниор, но знаеме дека „Ел Класико“ секогаш ќе биде најголемиот фудбалски натпревар. Ги имам истите чувства како во моментите кога на теренот беа Кристијано и Меси. Ова е многу посебен натпревар. Сега тимовите имаат различни играчи, но мислам дека помладата генерација во Барселона е извонредна. Ел Класико ќе постои и без Меси, Кристијано и Рамос“, изјави Анчелоти.

Натпреварот Барселона – Реал Мадрид ќе се одигра денеска, со почеток во 16.15 часот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови