Карло Анчелоти го започна своето ново фудбалско патешествие како селектор на Бразил, но не и со посакуван резултат. Во својот прв натпревар на клупата на „селесао“, славниот италијански тренер одигра без голови – 0:0 против Еквадор, во меч од квалификациите за Светското првенство 2026.
Дуелот во Кито мина во знакот на тактичка борба и внимателна игра. Двете селекции повеќе внимание посветија на дефанзивата, па така немаше премногу возбудувања пред головите. Бразилците упатија само три обиди кон противничкиот гол, од кои два беа прецизни, но ниту еден не ја затресе мрежата.
По последниот свиреж, Анчелоти ја коментираше состојбата на теренот, кој според него ја оневозможил играта на неговите избраници.
„Не сакам да звучам како да барам оправдување, но теренот беше далеку од идеален. Тешко е да се игра квалитетен фудбал на ваква подлога“, изјави италијанскиот стратег.
Со овој бод, Еквадор го задржа второто место во групата со 24 бодови, зад лидерот Аргентина која веќе обезбеди билет за Мундијалот во САД, Канада и Мексико. Бразил е на четвртата позиција со 22 бодови и речиси сигурен патник на Светското првенство.
Во останатите натпревари од јужноамериканските квалификации, Аргентина славеше минимално со 1:0 против Чиле во гостински дуел, благодарение на голот на Хулијан Алварез во 16. минута. Лионел Меси стартуваше од клупата, а влезе во игра во второто полувреме, во 57. минута.
Парагвај пак, на домашен терен беше поуспешен од Уругвај, победувајќи со 2-0 пред својата публика.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Атлетико Мадрид има нови сопственици
Млади репрезентации
Македонија У21 во Охрид ќе се подготвува за дуелите со Шведска и со Полска
Млади репрезентации
Македонија до 19 години на елитни квалификации во Португалија
Евро-фудбал
Конте: Не сакам да водам „мртов тим“
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)













