
Карло Анчелоти официјално потврди дека од 26 мај ќе ја преземе функцијата селектор на фудбалската репрезентација на Бразил, откако тоа беше објавено од страна на бразилската фудбалска федерација. Италијанецот се обрати пред медиумите и истакна дека заминувањето од Реал Мадрид е донесено во целосен мир и со взаемна почит.
„Ова е голем предизвик за мене, но сè уште сум во Реал и сакам да го завршам ова прекрасно патување на најдобар можен начин. Концентриран сум на тоа што ни претстои затоа што имам огромна почит кон клубот, играчите и навивачите“, изјави Анчелоти.
Тој нагласи дека не постои никаков конфликт со клубот.
„Немам никакви проблеми со Реал. Никогаш не сум имал и никогаш нема да имам. Сакавме да направиме промена и тоа го прифатив како нешто природно. Ова беше заедничка одлука.“
Во однос на официјалното соопштение на клубот, Анчелоти вели дека сè ќе биде објавено кога Реал ќе процени дека е време.
„Не знам кога, но немам проблем со тоа. Тоа се внатрешни работи и не би споделувал детали.“
Анчелоти искрено зборуваше и за емоциите поврзани со заминувањето.
„Ако некој ми речеше на првиот ден дека ќе освојам 11 трофеи, ќе потпишев со крв. Имавме тешка сезона, но целиот период беше незаборавен. Ќе останам навивач на Реал цел живот.“
За неговиот наследник, Чаби Алонсо, кој најверојатно ќе седне на клупата на Реал, Анчелоти изјави:
„Не му се потребно моите совети. Има сè што е потребно за да биде врвен тренер.“
Анчелоти ќе го води Бразил на Копа Америка 2025, а дотогаш ќе се обиде на достоинствен начин да го заврши последното поглавје од својата успешна ера во Мадрид.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно

Евро-фудбал
Мармуш неизвесен за дербито на Манчестер

Евро-фудбал
На „Маракана“ ечеше – „Пикси, оди си!“ (ВИДЕО)

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски го напушта Клуж и се сели во Херманштат

Млади репрезентации
Станиќ: Примивме “италијански” гол, го намачивме фаворитот во групата

Евро-фудбал
ПСЖ му нуди нов договор на Бредли Баркола
