Фудбалската репрезентација на Македонија го очекува историскиот настап на Европско првенство, а британската јавност не им дава многу шанси на избраниците на селекторот Игор Ангеловски да ја минат првата фаза од натпреварувањето.
Британскиот таблоид „Сан“ напарави анализи на групите на неполн месец пред стартот на турнир и смета дека Макдонија не може да ја помине групата во која се наоѓаат и Холандија, Австрија и Украина.
„Групата Ц каде што се Холандија, Австрија, Украина и Македонија изгледа навистина исрамнето затоа што има три селекции кои се приближно еднакви по квалитет. Посебно затоа што Холандија ќе биде без Ван Дајк. Македонија на фантастичен начин стигна до ЕП, ја победија Германија во мундијалските квалификации и не смеат да бидат потценети. Сепак, треба да се спомене дека успех за Македонија е самиот пласман на ЕП. Сепак, преголем залак за оваа селекција ќе биде и пласман во следната фаза од ЕВРО“, се вели во во анализата на „Сан“.
Според системот на натпреварување, првите две селекции од шесте групи одат во осминафинале, како и четири од шесте најдобри третопласирани репрезентации.
„Сан“ прогнозира дека Македонија ќе испадне во групната фаза заедно со Велс, Финска, Чешка, Словачка, Унгарија, Русија и со Австрија.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski