Connect with us

Аморим: Толку многу сакаме да победуваме, што понекогаш тоа нè кочи

По домашниот пораз од Арсенал во првото коло, Манчестер Јунајтед не успеа да стигне до првата победа и во вториот натпревар од новата сезона во Премиер – лигата. „Црвените ѓаволи“ одиграа 1-1 против Фулам во Лондон, а менаџерот Рубен Аморим по мечот изрази жалење за пропуштените бодови, но и уверување дека тимот ќе расте од натпревар во натпревар.

„Можеме да играме подобро, но важно е дека сите даваат максимум. Добро почнавме, но после голот престанавме да играме фудбал и мислевме само на резултатот. Толку многу сакаме да победуваме, што понекогаш тоа нè кочи. Наместо да ја искористиме предноста, му дадовме простор на противникот. Треба да израснеме како тим, но работата на тренинзите и денес на теренот ми даваат оптимизам“, изјави Аморим за „Скај Спортс“.

Тренерот се осврна и на промашената пенал-ситуација со Бруно Фернандеш.

„Бруно е навикнат да презема голема одговорност и затоа пропуштената пенал-можност многу го погоди. Мислам дека мислеше повеќе на минатото отколку на сегашноста. Треба да продолжиме напред, без разлика што се случува. Пропуштивме шанси, постигнавме гол, но потоа не го одржавме темпото. Најважно е да останеме фокусирани и да играме до крај.“

Аморим додаде дека тимот мора подобро да ја менаџира играта.


„Сакавме да вршиме висок пресинг цело време, но оставивме премногу простор за нивните напади. Понекогаш треба да бидеме попаметни, да знаеме кога да се повлечеме и да ја контролираме играта.“

Со ремито во Лондон, Манчестер Јунајтед и по две кола останува без победа, а португалскиот стратег смета дека тимот има квалитет за многу повеќе, но е потребно време за стабилност и зрелост.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови