Манчестер Јунајтед, според најновите информации, планира длабока чистка во екипата и е подготвен да се раздели со дури 11 играчи кои тренерот Рубен Аморим веќе ги ставил на трансфер-листа. Ова јасно укажува на големи промени што следуваат во составот.
Серијата од пет натпревари без пораз заврши во понеделник, кога Јунајтед разочара со пораз од Евертон (0-1) на „Олд Трафорд“. Иако Идриса Геј доби директен црвен картон поради инцидент со соиграчот Мајкл Кин, гостите беа тие што славеа благодарение на феноменалниот погодок на Дузбери-Хол.
Публиката реагираше со свирежи, незадоволна од изданието на тимот и слабите резултати. Клубот се наоѓа на десеттата позиција во Премиер – лигата, а подготовките за темелна реконструкција веќе се во полн ек.
Јунајтед планира сериозно освежување на средниот ред до 2026 година, а значителен дел од буџетот за тоа ќе дојде преку продажба на фудбалери. Аморим ги посочил како свои први желби Адам Вортон, Елиот Андерсон и Карлос Балеба од Брајтон.
Неизвесност владее и околу иднината на капитенот Бруно Фернандеш и тинејџерската сензација Коби Мејну. Се верува дека Португалецот би можел да замине следното лето, со потенцијална заработка од околу 65 милиони евра. Тој претходно изјави дека конечната одлука ќе ја донесе по СП 2026.
Покрај засилување на средината, клубот е отворен и за доведување нов голман, како и играчи за крилните позиции.
На списокот фудбалери кои може да си заминат се наоѓаат: Мануел Угарте, Маркус Рашфорд, Расмус Хојлунд, Касемиро, Џејдон Санчо, Хари Мегваер, Алтај Бајиндир, Џошуа Зиркзе и Тајрел Маласија, заедно со веќе споменатите.
Дури и „недопирливиот“ Бруно не е целосно сигурен, бидејќи Аморим наводно би прифатил соодветна понуда за него.
Јунајтед овој викенд го очекува гостување на „Селхрст Парк“, каде ќе се соочи со Кристал Палас.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими го направи изненадувањето на колото со убедливиот триумф од 3-0 против Шкендија. Иако...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Вилдан Салиу
Арсими е изненадувањето на 14.коло во Првата лига. Одигра блескав натпревар против шампионот Шкендија,...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Лапорта: Во Реал се заболени од „барселонит“
Прва лига
Арсими посакува изненадување во Кратово













