Connect with us

Алмада донесе триумф за Атлетико Мадрид (ВИДЕО)

Атлетико Мадрид оствари минимална, но заслужена победа (1-0) над Осасуна и се искачи на четвтртата позиција на табелата во Ла Лига со 16 бода, шест помалку од лидерот Барселона. „Кралевите“ имаат пет бода повеќе од Атлетико, но утре ќе гостуваат кај Хетафе во ова коло.

Баена постигна гол за Атлетико уште во деветтата минута, но не беше признат поради офсајд позиција. Потоа долго се мачеше тимот на Диего Симеоне за да обезбеди предност.

Тоа се случи во 69.минута, кога Џулијано Симеоне одлично продре по десната страна, асистираше до Тијаго Алмада, кој рутински успеа да ја погоди мрежата на Осасуна.

По водечкиот гол, Атлетико Мадрид знаеше како да ја одржи предноста и да завери нови три бода.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови