
Марсело Биелса е еден од најдобрите тактичари во Премиер – лигата, а македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски е еден од клучните играчи во неговата стратегија за брзо одземање на топката од противникот. Токму затоа Џани има речиси стандардно место во составот на Лидс Јунајтед, а клубот подготвува нов договор со кој сака да го задржи најмалку до 2023 година.
Алиоски, според статистиката, е еден од најдобрите „крадливци“ на топки во премиерлигашката конкуренција. Во текот на 90 минути тој одзема и до девет топки од противникот и тоа го прави супер-корисен за екипата. Воигран е во трио со Лајам Купер и со Лук Ајлинг и заедно го имаат најдоброто поставување кога е дефанзивата во прашање од сите останати тимови во Премиер – лигата.
Ова е клучно во стратегијата на Марсело Биелса на брз начин да биде вратена топката во свој посед, да му биде одземена на противникот. Алиоски е тука одличен, користејќи ја брзината за добро позиционирање, но и со способноста да дојде прв речиси до секоја „ничија топка“ на теренот, кога фудбалерот треба да има врвна координација и да се снајде во просторот за да биде поитар од противникот. Тоа го прави Џани Алиоски еден од најкорисните фудбалери во составот на Лидс Јунајтед, без разлика што трпи критики дека не може да одговори одбранбено на левата бековска позиција во дуелите со експлозивните крилни играчи во Премиер – лигата.
Алиоски на мечот против Њукасл го постигна и првенецот во англиското елитно друштво, а вечерва Лидс Јунајтед гостува на „Олд Трафорд“ и тој повторно е најавен како стартер за пресметката со Манчестер Јунајтед. Ривалството меѓу овие два клуба е долгогодишно и тоа ќе биде посебен дуел.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Рико Луис останува на „Етихад“ до 2030 година

Евро-фудбал
Аталанта го купи Црногорецот Никола Крстовиќ

Евро-фудбал
Еберечи Езе доаѓа во Арсенал, Тотенхем „извиси“

Млади репрезентации
Македонија У16 со убедлив триумф против Црногорците

Интернационалци
„Билд“: Лајпциг бара 20 милиони евра за продажба на Елмас
