
Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски има три понуди да остане во Турција и следната сезона, иако најверојатно ќе го напушти Фенербахче по завршувањето на сезоната. Тој имаше многу турбулентна сезона, во еден момент беше „отпишан“ од тренерот Жорге Жесус и имаше најави дека ќе се врати во Ал-Ахли, но потоа се случи пресврт и се врати во првиот тим со стандардно место на левата бековска позиција.
Најавите се дека Фенербахче ќе го реконструира составот, а Алиоски, според турските медиуми, веќе има три понуди за да остане во елитното турско друштво. За него има интерес од Анталијаспор, Анкарагучу и од Караѓумрук.
Езгјан Алиоски во Фенербахче игра како позајмен играч од саудискиот клуб Ал-Ахли, откако тимот испадна од елитната дивизија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Лукас Васкез потпишува за Баер Леверкузен
