Шкупи го декласира Скопје со 4-1 на стадионот „Борис Трајковски“ и со десет освоени бода се искачи на првата позиција на табелата во Првата лига. Стрелци на головите беа Марјан Радески, Валид Хамиди, а двапати стрелаше и новото засилување Сандеј Адетунџи.
Играчот за врска, Али Адем, смета дека Шкупи заслужено дојде до триумфот.
„Одигравме одличен натпревар како тим и ги заслуживме трите бода. Во првиот дел создадовме многу шанси, а само еднаш погодивме. Но, потоа се отвори на стартот на второто полувреме и го решивме мечот. Апсолутно ја заслуживме победата“, изјави Адем.
По репрезентативната пауза, Шкупи ќе гостува во Тетово на дерби против Шкендија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Прва лига
Арсими со убедлив триумф против Башкими
Евро-фудбал
Пиоли пред отказ во Фиорентина
Евро-фудбал
Аларм во ПСЖ: Дембеле ја обнови повредата













