Чилеанецот Алексис Санчез го напушта Интер и кариерата ќе ја продолжи во францускиот прволигаш Олимпик Марсеј. Како што информираат медиумите во Франција, тој ќе потпише двегодишен договор со клубот вреден три милиони евра по сезона.
Во Интер, Алексис Санчез најмногу добиваше шанса да игра од клупата за резерви. Летово клубот бараше начин да се ослободи од неговиот договор и едвај чекаа да дојде конкретна понуда.
Во претходните три години Чилеанецот одигра вкупно 109 натпревари за Интер и постигна 20 гола. Може да се пофали дека ја освоил шампионската титула и Купот на Италија.
Претходно во Европа играше за Удинезе, Барселона, Арсенал и за Манчестер Јунајтед.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Атлетико Мадрид има нови сопственици
Млади репрезентации
Македонија У21 во Охрид ќе се подготвува за дуелите со Шведска и со Полска
Млади репрезентации
Македонија до 19 години на елитни квалификации во Португалија
Евро-фудбал
Конте: Не сакам да водам „мртов тим“
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)













