
Досегашниот тренер на Вардар, Александар Васоски, кариерата ќе ја продолжи како шеф на стручниот штаб на Академија Пандев. По заминувањето од Вардар, пред се поради финансиската немоќ и катастрофалната клупска неорганизираност и неизвесна иднина, Васоски доби повик да седне на клупата на Академија Пандев и многу веројатно дека ќе ја прифати.
Академија Пандев имаше есен послаба од очекувањата, дури двапати се менуваа тренерите и по завршувањето на полусезината клупата е повторно празна. Југослав Тренчовски ја почна сезоната, потоа поднесе оставка и беше ангажиран Александар Таневски, но и тој не успеа да ги стабилизира резултатите на тимот и брзо замина. Југослав Тренчовски се врати на клупата со договор да го води тимот до крајот на есенската полуетапа, а вчера се збогува и најави дека е време за нови предизвици.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal