Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар полека се организира и во раководните структури. Голем чекор во таа насока е направен со ангажманот на Александар Бајевски за нов спортски директор.
Популарниот Бајо, кој е дете на Вардар што изгради и интернационална и репрезентативна кариера, во иднина ќе биде задолжен за спортскиот дел во клубот, за креирање на клупската политика и ангажман на нови засилувања.
Вардар по испаѓањето во второлигашка конкуренција ја промени сопственичката структура и се обидува експресно да се врати во елитата, местото што му припаѓа.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski