Тренерот на Милан, Масимилијано Алегри, призна дека тимот испуштил две бода со ремито 2-2 против Парма, бидејќи играчите „заспале“ по паузата и требало подобро да се справат откако имаа водство од два гола.
„Испуштивме две поени. Не знам како ќе завршеше натпреварот ако на полувреме водевме со 0-2, но требаше да бидеме поефикасни. Дури и да го оставиме голот на страна, влеговме во второто полувреме многу тромаво. Им дозволивме две-три чисти шанси пред израмнувањето, од корнери и аути. Практично бевме полузаспани. Кога повторно почнавме да играме, создадовме три гол-шанси кои не ги реализиравме. Тоа е психолошки проблем. Натпреварот изгледаше под контрола, но кога тие дадоа гол, се појави страв. Парма го искористи таа ментална предност и ја врати самодовербата, а ние требаше само да ја играме нашата игра. Наместо тоа, ги губевме сите дуели во казнениот простор“, изјави Алегри.
Милан сега има 22 бода, но и натпревар повеќе од Наполи и од Интер, кои денеска ќе ги играат дуелите од 11.коло во Серија А.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ново шоу и нов рекорд на Лионел Меси (ВИДЕО)
Евро-фудбал
„Волците“ не му можат ништо на Челси (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Барса по 894 дена се врати на „Камп Ноу“ (ВИДЕО)













