Connect with us

Алегри: Се надевам дека Дибала ќе остане во Јувентус

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, се надева дека напаѓачот Пауло Дибала ќе остане во клубот. Договорот на играчот истекува на крајот на сезоната и се уште не е обновен. Преговорите се водат подолго време, но двете страни имаат несогласувања околу финансиските прашања, а Аргентинецот сега може да преговара со други клубови и да замине на лето како слободен играч.


„Не можам да влијаам на потпишување договори, има корпоративни прашања кои не се во моја надлежност. Имав голем придонес за растот на Дибала. Тој уште беше дете кога дојде од Палермо. Сега порасна и стана исклучителен фудбалер. Не го видовме најдоброто од него во есенската полусезона поради повреди, но сега имам големи очекувања од неговите настапи. Квалитетите на Дибала се неспорни, тој е одличен. Се надевам дека ќе го имаме и во иднина“, изјави Алегри.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови