Тренерот на Милан, Масимилијано Алегри, имаше доста забелешки кон својот тим по поразот од 1-2 против Кремонезе на стартот на сезоната. Тој беше особено критичен кон одбраната поради премногу лесните голови што ги примија на натпреварот.
„Ако го погледнеме изданието, имавме осум удари кон голот, но разликата доаѓа од решителноста со која напаѓаш и се браниш. Примивме два гола што можеа да се избегнат со малку поголема концентрација. За среќа, ова е само првото коло и имаме време да работиме на тие детали“, изјави Алегри.
„Не мислам дека проблемот е во недостиг на некој играч. Кога играш во Серија А, се соочуваш со тешки противници како Кремонезе, кои целосно ја заслужија победата, одиграа паметен меч во одбрана, а ние направивме две грешки. Не станува збор за составот, туку за тоа да имаме малку повеќе решителност – и со топка во нога, и без неа“, додаде тренерот.
Алегри го распореди Милан во формација 3-5-2, која зависно од позициите на Еступињан и Алексис Салемакерс можеше да се трансформира во 4-3-3.
„Секогаш е комплицирано во првиот натпревар од сезоната. Тоа се мечеви во кои мораш да ја сочуваш мрежата недопрена. Успеавме да се вратиме во игра на полувремето, создадовме добри шанси за гол, но не ги реализиравме. Знаевме дека Кремонезе има добра игра со центаршутеви и требаше подобро да го покриваме шеснаесетникот. Мораме да се подобриме во тие ситуации, бидејќи не можеме да си дозволиме да примаме по два гола на секој натпревар“, смета Алегри.
„Ако се земат предвид головите што ги примивме, јасно е дека дефанзивната фаза е местото каде што мораме да се подобриме. Не ја чувствуваме ефикасно опасноста. Бевме петмина во шеснаесетникот против тројца, па не смееш да дозволиш удар со глава без отпор, исто како што не смееш да му дозволиш на Пецела да стигне сам до аут-линијата… Сите мораме да се подготвуваме на одреден начин, бидејќи не можеме да продолжиме да примаме толку лесни голови“, додаде стратегот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













