Јувентус повторно се сопна во осминафиналето на Лигата на шампионите и повторно е елиминиран од тим кој и не е премногу звучно име во европскиот фудбал. Вилјареал дојде во Торино и го шокираше италијанскиот тим со триумф од 0-3.
Тренерот Масимилијано Алегри вели дека неговиот тим бил неверојатно наивен во завршницата од дуелот кога беа постигнати трите гола.
„Вилјареал играше со деветмина зад топката и не сакаа воопшто да притиснат. Намерата им беше да го одведат мечот во продолженија, а во завршницата ние излеговме многу наивен тим. Не се лутам на никого, но признаваме дека сум многу разочаран, впрочем како и сите други. Сепак, таков е фудбалот, мора да го прифатиме овој пораз и да одиме понатаму“, изјави Алегри.
Јувентус трета година по ред е елиминиран на првиот чекор од нокаут фазата во Лигата на шампионите.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Гнабри на лето заминува од Баерн?
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички
Евро-фудбал
Пауновиќ: Не сум задоволен само од резултатот
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички
Млади репрезентации
Станиќ: Наивни сме, мора да ги прележиме „детските болести“













