
Јувентус е на крстопат, тренерот Масимилијано Алегри се нафати да гради нов тим, а посебно ќе треба да се посвети на линијата за врска. Ахиловата пета на „старата дама“ е средниот ред и тоа не само оваа сезона. Макс Алегри сака да ги промени работите, да се ослободи од некои играчи, да создаде нова тимска оска.
Како што пишуваат италијанските медиуми, единствен што е сигурен за своето место во средната линија е Мануел Локатели. Италијанскиот репрезентативец го реши градското дерби со Торино, полека ја пронаоѓа својата форма од летните настапи за „аѕурите“ на Европското првенство и треба да биде лидер во средниот ред.
Артур се опорави, на Бразилецот ќе му се даде шанса бидејќи Алегри верува дека може да му го донесе неопходниот мир на тимот. Но, Бразилецот ќе мора веднаш да влијае на играта, бидејќи нема многу време, иако се враќа од тешка повреда.
Мекени е на листата за заминувања. Американецот не покажа многу, а ќе замине и Арон Ремзи, кој е во втор план и за него нема место во овој нов тим. Во Јувентус се сложни дури и да го пуштат без надомест во зимскиот преоден рок, само за да ги зачуваат парите што треба да ги издвојат за неговата плата.
Ниту Бентанкур веќе не е безбеден, игра лошо подолго време, минатата сезона беше разочарување, а иако доби шанса на стартот од оваа, сепак, Алегри не е задоволен од неговите игри. Уругваецот полесно би можел да најде клуб, а Јувентус ќе ја наполни касата.
Заедно со него, истекува трпението и за Кулушевски. Јуве не чека никого долго, помина повеќе од една година, а Швеѓанецот со македонско потекло не е ниту сенка од играчот што беше во Парма.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Сорлот даде четири гола за половина час!

Евро-фудбал
Лацио се спаси од пораз против Јуве (ВИДЕО)

Интернационалци
Ајакс чукна на порти кај Елиф Елмас!
