
Австрискиот интернационалец Давид Алаба на крајот од сезоната и дефинитивно заминува од Баерн Минхен, а шпанските медиуми најавуваат дека е пред трансфер во Реал Мадрид. И фудбалерот сака да се пресели на „Сантијаго Бернабеу“, а и Зинедин Зидан сака да добие одличен поливалентен фудбалер кој може да одговори на повеќе позиции во одбраната и во средниот ред.
Алаба би дошол како слободен агент, а преддоговорот може да биде потпишан уште во јануари, со цел и двете страни да бидат сигурни дека зделката ќе се реализира.
Австриецот би завршил голема работа во тимот на Реал Мадрид, затоа што нуди опција и за левата бековска позиција, но и за стоперските позиции, па и како дефанзивен играч за врска.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Киеза се враќа во Италија и ќе потпише за Милан

Евро-фудбал
Рејндерс пред трансфер во Манчестер Сити

Евро-фудбал
Ливерпул се вклучи во трката за Рафаел Леао

Евро-фудбал
Лука Модриќ потпишува за Милан
