Connect with us

Алаба го погоди моментот за прв гол во дресот на Реал: Дебитира на „Ел Класико“ и го замолкна „Камп Ноу“ (ВИДЕО)

Реал Мадрид има водство (0-1) на „Камп Ноу“ во супер пресметката меѓу шпанските гиганти наречена „Ел Класико“. Најубав можен момент за својот прв гол во дресот на Реал Мадрид одбра новото засилување Давид Алаба.

Иако дефанзивец, тој тргна во напад, доби топка по левата страна и со фантастичен удар успеа да го надмудри Марк Андре Тер Штеген носејќи предност за „кралевите“ во 32.минута од дуелот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови