Connect with us

Ал-Келаифи: Не жалам што Мбапе го напушти ПСЖ, без него ја освоивме Лигата на шампионите

Претседателот на Пари Сен Жермен, Насер Ал-Келаифи, изјави дека нема никакво жалење за заминувањето на Килијан Мбапе, и напротив, клубот бил „среќен“ што ја освои Лигата на шампионите во сезоната 2024/25, прва во историјата на ПСЖ, без француската ѕвезда во тимот.

Мбапе замина во Реал Мадрид на почетокот од сезоната без обештетување, но и покрај големите очекувања, не освои трофеј со шпанскиот гигант. Во исто време, ПСЖ конечно го оствари својот сон – титулата во Лигата на шампионите.

Во интервју за француската емисија „C à Vous“, Ал-Келаифи рече:

„Немам жалење за Мбапе. Му благодарам на Килијан, како и на Златан. Сите тие беа многу важни за развојот на клубот. Имавме среќа оваа година, без него, но му посакувам се најдобро во Реал, сѐ додека не игра против ПСЖ.“

И Мбапе, кој ги поздрави поранешните соиграчи по финалето, изјави дека не жали за својата одлука да го напушти ПСЖ и гледа со оптимизам кон својата нова етапа во Реал Мадрид.

Сега двете екипи ќе се обидат да освојат нов престижен трофеј – Светското клупско првенство, кое ќе се игра во САД.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови