Connect with us

Ако видите колку заработува Мбапе, ќе ве заболи глава…

Килијан Мбапе беше пред трансфер во Реал Мадрид, а потоа одеднаш се премисли и остана во Париз. Секако, раководството на ПСЖ не штедеше пари за големата ѕвезда, а се работи за неверојатни суми.


Француските медиуми успеаја да дојдат до износот на платата што ја заработува Мбапе. Тој годишно инкасира 72 милиони евра бруто, а кога ќе се одземе данокот, на фудбалерот му остануваат околу 33 милиони евра нето плата. Тоа значи дека Мбапе месечно заработува околу 2,7 милиони евра.

Но, Французинот доби и фантастичен бонус за тоа што се согласи на нов договор со „светците“. За три години како бонус ќе му бидат исплатени 180 милиони евра, односно по 60 милиони евра на крајот од секоја сезона.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови