Фудбалскиот прволигаш Борец влезе во немирни води непосредно пред стартот на вториот дел од сезоната во Првата лига. Компанијата „Брако“ одлучи да се повлече од спонзорирање, а клубот треба да им го отстапи на ветераните на Борец.
Клубот ќе се продава на берза, бидејќи е акционерско друштво, а цената за акциите изнесува 25.000 евра. Ветераните ќе треба да го купат на берза, а потоа, како што најави сопственикот на Брако, Кочо Анѓушев, парите ќе бидат вратени во клубот како донација. Но, акционерското друштво не треба да биде продадено со загуба.
„Ние изјавивме дека кој ќе изрази желба да го преземе клубот, ние ќе му го отстапиме без надомест, но тука мора да се запази правната постапка. Станува збор за акционерско друштво, кое е во стоотстотна сопственост на Брако и има 2500 акции, со вредност од 10 евра по акција. Јас им понудив на луѓето што сакаат да го купат клубот, дека ќе треба тоа да го направат преку берза, да ги уплатат тие 25.000 евра, а ние после тоа, како Брако, ќе ги вратиме како донација назад во клубот, за да не излезе дека ние ги бараме парите, но не треба да биде друштвото продадено со капитална загуба“, изјави Кочо Анѓушев за велешкиот сајт „Батали“.
Процедурата за купопродажба на берза ќе трае од 10 до 20 дена, па за да се надмине правниот вакуум, Анѓушев дозволи ветераните, кои најавуваат дка ќе го водат клубот, да ја користат жиро сметката и печатите на Борец. Но, тие негодуваат и за оние 25.000 евра кои треба да ги уплатат за да го купат клубот, а потоа ќе бидат вратени во клубот. Сепак, ако купувачот нема толку средства, прашање е како понатаму и би го водел клубот во Првата лига.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Прва лига
Арсими со убедлив триумф против Башкими
Евро-фудбал
Пиоли пред отказ во Фиорентина
Евро-фудбал
Аларм во ПСЖ: Дембеле ја обнови повредата













