Connect with us

Академија Пандев убедливо ја порази Беласица

Фудбалерите на Академија Пандев на убедлив начин ја стартуваа серијата пријателски натпревари во текот на зимските подготовки. „Пандевци“ го совладаа соседот Беласица со 4-0. Тоа е дебитантски триумф за новиот шеф на стручниот штаб Ѓорге Стојчев кој го наследи Александар Васоски на клупата на струмичкиот прволигаш.

Томовски и Хаџановиќ по првиот дел обезбедија предност од 2-0 за Академија Пандев, а во второто полувреме стрелаа и Сашко Пандев и Велиновски.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови