Connect with us

Академија Пандев убедлива, победи и за Работнички, Ренова и за Струга

Академија Пандев им се врати на победите и оствари важен триумф (4-1) над Македонија ЃП во дерби дуелот од денешната програма во Првата фудбалска лига. Иако „лавовите“ поведоа уште во првата минута со голот на Арби Воша, тимот на Александар Васоски направи комплетен пресврт. Фарук Бихорац во 21.минута израмни на 1-1, а Мартин Мирчевски во 45.минута донесе предност за „пандевци“.

Во вториот дел, со вториот гол на Мирчевски во 61.минута, Академија Пандев се чини дојде до победата. Во 82.минута, црвен картон доби гостинскиот дефанзивец Есмин Личина, а Лукас Кајо во 90.минута го постави конечниот резултат.


Работнички славеше во дуелот со новиот прволигаш Брегалница со 2-0. Стрелец на првиот гол беше Лука Станковски во 28.минута, кога во пад, од непосредна близина, по уфрлувањето на Кристијан Стојкоски од левата страна, успеа да ја затресе мрежата на Давид Денковски. Вториот погодок беше дело на Александар Ристевски од пенал во 83.минута, откако Кристијан Стојкоски беше соборен во шеснаесетникот.

„Романтичарите“ имаа уште неколку одлични шанси, преку Стојкоски и браќата Станковски, но не ги реализираа. Најдобрата можност за Брегалница ја имаше Бобан Георгиев во 61.минута, но Ристе Јанков одбрани. Во 83.минута, Тантуровски одлично го исфрли Кристијан Стојкоски сам со голман, стартуваше во шеснаесетникот Азиновиќ и беше досуден пенал. Успешен реализатор беше Александар Ристевски.

Ренова го освои Кавадарци победувајќи го Тиквеш со 0-2. Емран Рамадани во 24.минута беше стрелец на водечкиот гол за „гипсарите“ на овој меч, а Ремзифаик Селмани го потврди триумфот во 94.минута.

Борец го совлада Пелистер со 2-1. Гонзало Зарате во петтата минута го отвори резултатот во корист на велешани, а израмни Принц Апонсах во 43.минута. Сепак, Лука Трајкоски во 56.минута постигна гол за три бода за Борец.

Струга Трим Лум крај езерото ретко губи бодови, а отпорот на Скопје го скрши дури во 94.минута со голот на Иван Галевски. По прекин на игра, тој најдобро се снајде во петерецот и одбиената топка ја упати во мрежата на гостите.

Дербито на шестото коло од Првата лига е закажано за вторник, а ќе се сретнат Шкендија и Шкупи на Градскиот стадион во Тетово.

ПРВА ЛИГА, 6.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ


АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – МАКЕДОНИЈА ЃП 4-1

РАБОТНИЧКИ – БРЕГАЛНИЦА 2-0

БОРЕЦ – ПЕЛИСТЕР 2-1

ТИКВЕШ – РЕНОВА 0-2

СТРУГА ТРИМ ЛУМ – СКОПЈЕ 1-0

ВТОРНИК: ШКЕНДИЈА – ШКУПИ (15 Ч)

Standings provided by SofaScore LiveScore

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови