Финалистот на Купот на Македонија, Академија Пандев, јавно одговори на ставот на Македонија ЃП дека „направиле притисок во јавноста“ и тоа придонело за два „сомнителни пенали“ на полуфиналниот куп-меч во Ѓорче Петров.
Во реакцијата на Академија Пандев се вели:
Почитувани, денешнава прозивка од нашите спортски пријатели од редовите на ФК Македонија Ѓ.П е причината која не не остави рамнодушни и поради која моравме да реагираме, а се со цел за подобар и поквалитетн македонски фудбал, но секако и самата јавност да ја процени вистината. Ние како раководство на ФК Академија Пандев сме должни да обезбедиме оптимални услови, опкружување и подршка на секој наш фудбалер, секогаш фудбалерите кај нас се на прво место и затоа ќе кажеме:
Победата на нашите момчиња е чиста како солза и заслужено се во финалето на купот! Ако ФК Академија Пандев имаше моќ да прави притисок сега ќе беше трето место на табелата во ПМФЛ, а не да се бори за опстанок. Во рок од еден месец тимот на ФК Македонија Ѓ.П има три порази од ФК Академија Пандев, два првенствени и еден во купот. Еден пораз можеби би бил случаен, но по три порази за толку кратко време ? Би им препорачале на аналитичкиот сектор на ФК Македонија Ѓ.П да се сврти кон нивниот тим, и кај нив да си ги бараат причините за поразите. Честитки за борбеноста и залагањето на нашите фудбалери и за радоста после постигнатите голови. Нас како тим ниту не интересира дали „капчето е на глава“, ниту дали е „вратата на тунелот отворена“. Доколку на некого му ги расипавме “ сметките и договорите” за крајниот епилог на табелата и куп завршницата иако не сме должни Ви се “извинуваме”. За нас нашиот тим е наша светост, ние немаме друга фудбалска опција, а и не прифајќаме “сомнителни” преговори и договори. За крај ако на некого му пречи што ФК Академија Пандев бара правда, порачуваме дека ни на крај памет не ни паѓа да се откажеме.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski