Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот, потврди дека денес ќе има темелни разговори со Мохамед Салах. Стратегот го откри тоа на прес-конференцијата пред натпреварот од Премиер лигата против Брајтон во сабота.
Слот додаде дека по средбата со Салах ќе стане јасно дали египетскиот напаѓач ќе биде дел од групата за утрешниот натпревар на „Енфилд“. Како што е познато, по мечот со Брајтон, Салах ќе биде ослободен да се приклучи на националниот тим на Египет за настапот на финалето на Купот на африканските нации.
„Ќе имам разговори со Мо. По нив ќе стане јасно како ќе изгледаат работите утре. Ми треба да зборувам со него. Следниот пат кога ќе зборуваме за него, тој мора да биде тука со нас. Нема многу што да кажам. Ќе зборувам со него денес, а резултатот од разговорите ќе определи како ќе изгледаат работите утре. Можете да го интерпретирате тоа како сакате, но кажав дека следниот пат кога ќе зборуваме за него, тој мора да биде тука. Мислам дека веќе имало многу разговори помеѓу неговите претставници и нашите“, рече Арне Слот на својата прес-конференција.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal













