Чаби Алонсо, кој во Мадрид беше дочекан како симбол на новата ера на Реал, по само 28 натпревари би можел да се најде пред излезната врата на „Сантијаго Бернабеу“. Наместо стабилност и подем, тимот западна во сериозна криза, а поразите од Манчестер Сити и Селта во краток период дополнително го разнишаа трпението на клупските челници.
Сè погласно се зборува дека довербата во Алонсо се топи и дека раководството веќе размислува за смена. Мечот против Алавес во првенството е означен како последна шанса за 44-годишниот тренер – триумф му го продолжува мандатот, нов кикс би можел да значи крај.
Иако ситуацијата е драматична, Алонсо барем финансиски би излегол како победник. Со договор до 2028 година и нето-плата од околу 9 милиони евра по сезона, евентуалниот отказ би го чинел Реал повеќе од 30 милиони евра, кои клубот би морал целосно да му ги исплати нему и на неговиот стручен штаб.
Но, без разлика на парите, тешко е да се поверува дека Алонсо лесно би се помирил со вакво сценарио. Тој долго сонувал за клупата на Реал, одбивајќи попримамливи понуди од Ливерпул и Баерн само за да ја преземе „кралската“ екипа. Сепак, тренерската професија е немилосрдна, па не би било чудо ако токму овој викенд се случи пресврт и Реал остане без тренер.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Един Џеко прави трансфер во Шалке
Евро-фудбал
Тер Штеген емотивно се збогува со Барселона
Евро-фудбал
Мбапе го израмни рекордот на Роналдо во ЛШ
Евро-фудбал
Бернардо Силва од следната сезона во Барселона?













