
Работнички и Академија Пандев го отвораат 22.коло во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“ сакаат да продолжи позитивниот пролетен поход и за нив секој натпревар е како мало финале во битката за бегство од опасната зона на табелата. Клубот од Дебар Маало игра многу подобро откако на кормилото застана српскиот стратег Ратко Достаниќ.
Академија Пандев исто така направи чекор со промена на тренерската позиција. Југослав Тренчовски поднесе оставка по ремито со Борец во минатото коло, а пред два дена Александар Таневски беше именуван за шеф на стручниот штаб на „пандевци“. Ток вети напорна работа и изрази надеж дека брзо тимот ќе се врати во победнички ритам.
Останатите натпревари се закажани за утре, Вардар гостува на Ренова, а Шкендија има гостување во Велес и дуел со Борец.
ПРВА ЛИГА, 22 КОЛО – ДВОЈКИ
ДЕНЕСКА, 13 Ч.
РАБОТНИЧКИ – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ
УТРЕ
РЕНОВА – ВАРДАР (13 Ч.)
БОРЕЦ – ШКЕНДИЈА (14 Ч.)
СИЛЕКС – МАКЕДОНИЈА ЃП
СТРУГА ТЛ – ШКУПИ

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Нов удар за Ливерпул, се повреди Џереми Фримпонг

Евро-фудбал
Чаби Алонсо со пофалби за Џуд Белингам
