
Академија Пандев е единствената екипа која се стекне со предност во првите четвртфинални пресметки од Купот на Македонија. „Пандевци“ триумфираа со 0-1 на гостувањето против Шкупи во Чаир, а без победник завршија останатите два натпревари во Тетово и во Струга.
Во најинтересниот дуел во битката за полуфинале, Шкендија ремизираше (1-1) на домашен терен со Работнички па „романтичарите“ единствено со предноста на гол на гостински терен ќе го очекуваат реванш дуелот во март следната година.
На дуелот во Тетово, Шкендија поведе со голот на Жуниор уште во 8. минута од средбата по проигрувањето од Радески, а Работнички израмни со погодокот на Драган Стојков во 33. минута од средбата, кој ја искористи катастрофалната грешка на домашниот голман Захов.
Интересен натпревар на Чаир одиграа и Шкупи и Академија Пандев на кој „пандевци“ со голот на Ристе Темелков во 93. минута стигнаа до голема победа која им ги отвара портите кон полуфиналето. Домашните претходно имаа неколку убави можности за погодок кои останаа неискористени.
Без голови заврши натпреварот во Струга каде Струга Трим Лум ја пречека Ренова.
КУП НА МАКЕДОНИЈА – ЧЕТВРТФИНАЛЕ (први натпревари)
ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ 1-1
ШКУПИ – АК. ПАНДЕВ 0-1
СТРУГА ТЛ – РЕНОВА 0-0
БРЕГАЛНИЦА – ЛАБУНИШТА (16:30 Ч.)
Реванш натпреварите се играат на 4. март 2020

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Рафа Бенитез ќе биде нов тренер на Панатинаикос

Евро-фудбал
Нов удар за Ливерпул, се повреди Џереми Фримпонг
