Александар Васоски успеа да го сопре Шкупи во Скопје и изјави дека тоа треба да им даде дополнителен мотив на фудбалерите на Академија Пандев да продолжат со добри игри во битката за опстанок. Денеска (14 часот) неговите избраници го пречекуваат составот на Македонија ЃП. Ќе биде тоа интересно тренерско надмудрување на Васоски со Жикица Тасевски.
„Задоволен сум како одигравме против Шкупи. Заслуживме бод со играта и со максималното залагање и тоа треба да не стимулира да продолжиме во ист ритам и на наредните натпревари“, изјави Васоски.
Жикица Тасевски и Македонија ЃП ја стартуваа пролетта со две ремија. Освоија важен бод на гостувањето во Струга, а потоа се чини дека потфрлија дома против Борец играјќи 0-0. Во Струмица ќе имаат можност да покажат дека нападот и не е „тенок“ за пролетниот дел од првенството.
Борец ќе се обиде да ја совлада Беласица и да покаже дека сепак турбуленциите во зимскиот преоден рок не оставиле преголема трага.
Силекс во Кратово го пречекува Шкупи, а Струга Трим Лум ќе биде домаќин на Пелистер. Ренова по двата порази сака триумф против Вардар.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Бодо/Глимт го тресна Манчестер Сити
Евро-фудбал
Бернардо Силва од следната сезона во Барселона?
Евро-фудбал
Комо го растури Лацио среде Рим
Евро-фудбал
Де Јонг: Однесувањето на судијата беше срамно
Евро-фудбал
Бернардо Силва од следната сезона во Барселона?













