Connect with us

Ајакс го купи најдобриот дефанзивец на мексиканската лига

Холандскиот првак Ајакс го промовираше своето најново засилување. Во Амстердам пристигна мексиканскиот репрезентативец Хорхе Санчез.


Тој доаѓа од Клуб Америка, а со „копјаниците“ потпиша четиригодишен договор. Санчез минатата година беше избран во најдобриот тим на мексиканската лига.

Во дресот на репрезентацијата дебитираше во 2019 година, а една година подоцна со Мексико го освои бронзениот медал на Олимписките игри.

Тој помина четири сезони во Клуб Америка каде одигра 150 натпревари и постигна два гола.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови