Connect with us

Агонијата за Ансу Фати продолжува: Нова повреда на коленото

Напаѓачот на Барселона, Ансу Фати, се здоби со нова повреда на коленото. Каталонскиот клуб вечерва соопшти дека Фати го повредил левото колено на последниот тренинг, но не е познато колку време ќе отсуствува.


Ова е голем проблем за Чави Хернандез, бидејќи во аут е и Осман Дембеле, како и Педри, а тимот има пеколен распоред во Ла Лига и Копа дел Реј.


Барса в недела ќе гостува во Алмерија, а в четврток во Мадрид го игра првиот натпревар од полуфиналето на Купот на Кралот против Реал Мадрид.


Извесно е дека Фати нема да биде достапен за споменатите натпревари, а во наредните денови ќе се знае точно колку ќе биде на принудна пауза.


Фати мина низ вистински пекол поради повреди од есента 2020 година кога трипати мораше да го оперира коленото.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови