Connect with us

Агон Елези даде гол за Горица, но Адеми и Ристовски се радуваа на крајот (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Агон Елези го постигна својот прв погодок во дресот на Горица, но неговиот тим претрпе пораз од Динамо Загреб со 3-1 во натпревар од 22. коло на хрватското првенство.

Горица поведе во 27. минута преку Елези, кој го отвори резултатот на „Максимир“, но домашните брзо израмнија преку Вилфред Канга шест минути подоцна. Двата тима заминаа на пауза со нерешени 1-1, но во второто полувреме Динамо ја презеде контролата и не дозволи изненадување пред својата публика.

Во 75. минута Марко Пјаца донесе водство за „модрите“, а конечните 3-1 ги постави Сандро Куленовиќ со погодок во шестата минута од судиското надополнување.

Кај Динамо, Аријан Адеми беше во стартниот состав, додека Стефан Ристовски влезе во игра во 63. минута.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови