
Поранешниот македонски репрезентативец Агим Ибраими заминува од Шкендија. Клубот од Тетово потврди дека е склучен спогодбен раскин на договорот и разделба со едно од најзвучните имиња во македонската Прва лига.
Раководството на тетовци и искусниот фудбалер се договориле дека во моментов најдобро за двете страни е да дојде до раскин на договорот.
Од клубот му се заблагодаруваат на Ибраими за периодот поминат во Тетово и му посакуваат среќа во понатамошната кариера. Агим Ибраими својот кам-бек во Шкендија го имаше во 2019 кога по втор пат потпиша за клубот од Тетово доаѓајќи од редовите на словенечки Домжале.
За тимот настапи на 12 натпревари на кои три пати се запиша во листата на стрелците. Претходно во кариерата поранешниот репрезентативец на Македонија настапуваше и за Ред Бул Салцбург, Олимпија Љубљана, Ексишехиспор, Нафта Лендава, Марибор, Калјари и Астана.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи во следното коло ќе игра на Чаир

Евро-фудбал
Жозе Мурињо седна на клупата на Бенфика

Млади репрезентации
Македонија У17 поразена од Кипар
