Шкендија триумфираше во дербито (1-2) против Академија Пандев во Струмица и успешно го стартуваше пролетниот дел од првенството во Првата лига. Негативата во однос на лидерот Вардар сега повторно е осум бода, откако составот на Александар Васоски вчера ја победи Македонија ЃП.
Академија Пандев добро почна и поведе по пет минути игра, но Шкендија направи џелосен пресврт во продолжението од мечот. По акцијата на Дориев, топка во шеснаесетникот доби Даниел Миловановиќ и го совлада Костадин Захов.
Шкендија успеа да израмни во 23.минута. Агим Ибраими нафрли од левата страна, а Арменд Алими со удар со глава ја погоди мрежата на Академија Пандев.
Во 55.минута беше досуден пенал за Шкендија, по грубиот старт на Диме Димов над Бесарт Ибраими во шеснаесетникот. Најстрогата казна успешно ја реализираше Агим Ибраими за комплетен пресврт. Во самиот финиш, Захов спаси израмнување со одлична интервенција, по шутот на Ндуе Мујеци и интервенцијата на Мурати.
Шкендија се наоѓа на втората позиција на табелата со 31 бод, осум помалку од лидерот Вардар.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Наполи „заглави“ дома против Парма
Евро-фудбал
Ливерпул нуди 184 милиони евра за Џуд Белингам!
Евро-фудбал
Дарвин Нуњез доаѓа во Фенербахче?













