
Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски има уште неколку дена до одлуката каде да ја продолжи кариерата. Тој е во немилост на тренерот на Спортинг Лисабон, префрлен во Б-тимот каде не игра ниту натпревари. Тоа е јасна порака дека треба да замине од португалскиот клуб до крајот на зимскиот преоден рок.
Грчкиот прволигаш АЕК, како што откриваат португалските медиуми, упатил официјална понуда за да го добие Стефан Ристовски на позајмица до крајот на сезоната, со опција за комплетно откупување на договорот. Спортинг Лисабон бара отштета од 2,5 милиони евра за комплетен трансфер.
Покрај АЕК, во игра за потписот на Стефан Ристовски е и лидерот Олимпијакос, а постојат опции тој да се врати и во Италија каде за него се интересираат Сасуоло, Специја и Монца.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Нов удар за Ливерпул, се повреди Џереми Фримпонг

Евро-фудбал
Чаби Алонсо со пофалби за Џуд Белингам
