Францускиот клуб Олимпик Марсеј потврди во неделата вечер дека е постигнат начелен договор со играчот од средниот ред, Адриен Рабио, кој треба да потпише двегодишен договор.
Тој ќе пристигне во Марсеј како слободен играч, но претходно ќе мора да ги помине медицинските прегледи.
Рабио цело лето беше во потрага по клуб, бидејќи не успеа да се договори со Јувентус за продолжување на договорот. Се шпекулираше за трансфер во Манчестер Јунајтед, па дури и за Турција и за Саудиска Арабија, но тој сакаше да остане во една од Топ 5 лигите и да игра во клуб кој настапува во Европа.
Иако не успеа да најде клуб со европски настапи во Марсеј, сепак, го привлече сериозниот проект кој се одвива на „Велодром“, предводен од тренерот Роберто де Зерби, чиј тим во првите четири кола од Лига 1 има три победи и едно реми, играјќи атрактивен фудбал.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













