Капитенот на Динамо Загреб, Аријан Адеми, некогашниот фудбалер на Хајдук Сплит и на Динамо Загреб, Гоце Седлоски, кој сега е тренер на Шкупи, и Илија Несторовски кој го носеше дресот на Интер Запрешиќ, а сега член на Удинезе, се вброени меѓу најдобрите странци во историјата на првенството на Хрватска (ХНЛ).
Од првите натпревари во 1992 година, па до денеска, низ првенството на Хрватска поминале играчи од дури 84 странски земји, меѓу нив и Македонија до дури 55 фудбалери.
Аријан Адеми е претставен како странец, со оглед дека е македонски репрезентативец иако е роден во Шибеник. Тој во 2010 година прејде од Шибеник во Динамо и оттогаш освои 10 шампионски титули, шест Купа и три Суперкупа, иако беше суспендиран на две години поради допинг, кој подоцна се докажа дека го земал ненамерно. Една сезона мина на позајмица во Локомотива, а во ХНЛ досега забележа околу 250 настапи и постигна 17 голови.
Изреката „Дојдов, видов, победив“ во случајот на Илија Несторовски впо Хрватска е преобразена во „Дојдов, ја одиграв сезоната, станав најдобар стрелец и се продадов во Италија“. Тој помина три сезони во Интер Запрешиќ, но првите две во втората лига, и остави неверојатен впечаток, па една сезон во ХНЛ му беше доволна за да обезбеди трансфер во италијанскиот Палермо.
Тој стана првиот играч со 25 гола во сезоната на ХНЛ по Едуардо да Силва, кој постави рекорд од 34 гола, девет години претходно.
Македонскиот стопер Гоце Седлоски пристигна во Хајдук Сплит летото 1996 година и одигра одлична сезона пред трансферот во англискиот клуб Шефилд Венсдеј, но го шокираше сплитскиот тим со враќањето во Хрватска само половина година подоцна, кога го засили најголемиот хрватски ривал.
Во Динамо, освен една полусезона во Јапонија, помина седум години и освои три шампионски титули, три Купа и два Суперкупа. Во ХНЛ одигра вкупно 182 натпревари и постигна 24 гола.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski