
Динамо Загреб го совлада Вест Хем на гости во Лондон со 0-1 и го освои второто место во групата кое води во 1/16 – финалето на Лигата на Европа. Македонските репрезентативци Аријан Адеми и Стефан Ристовски беа стартери во тимот на „модрите“ кои одиграа одличен меч и славеа со голот на Мислав Оршиќ во четвртата минута од мечот.
Рапид Виена го совлада Генк со 0-1 на гости и продолжува во Конференциската лига на УЕФА.
Црвена Звезда ремизираше (1-1) против Брага на гости и го освои првото место во својата група, а тоа носи директен пласман во осминафиналето од Лигата на Европа. Марсеј го совлада Локомотив Москва со 1-0, а Лацио и Галатасарај ремизираа без голови.


-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal
