Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва (20.45 часот) во Вадуц ги продолжува квалификациите за СП 2022 во Катар. По три ремија во низа, а со серија од шест меча без победа, дуелот со Лихтенштајн е клучен по неколку основи. „Црвено-жолтите“ да ја вратат победничката атмосфера, но и да останат конкурентни во групата за пласман на мундијалот.
Победата е јасна и единствена цел за Македонија на натпреварот во Вадуц, а селекторот Благоја Милевски мораше да направи неколку рокади во тимот.
Поради жолти картони во последниот стоперски бедем ќе го нема Висар Муслиу, а неговото место покрај Дарко Велковски ќе го заземе Кире Ристевски. На страничните позиции се сигурни капитенот Стефан Ристовски и Езгјан Алиоски, а на голот Столе Димитриевски.
Аријан Адеми ќе биде клучната алка во средниот ред. Тој ќе го добие местото на Енис Барди, а зад него треба да делуваат Стефан Спировски и Бобан Николов.
Потребна ни е победа, па затоа Македонија ќе се обиде да го пробие Лихтенштајн по крилните позиции. На левата страна ќе биде Елиф Елмас, а десно ќе делува Александар Трајковски. Најистурен во нападот треба да биде Адис Јаховиќ.
Новото име Ердал Ракип ќе чека шанса од клупата, а во опција се и Дарко Чурлинов, Милан Ристовски…
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski