
Пишува: Никола Ѓуровски
Македонија, држава каде вакцини доаѓаат само ако ни донираат, а фудбалски натпревари се одложуваат веднаш штом ќе падне снег. По десетина сантиметри забелеа терените низ државата, а колото е веднаш одложено затоа што клубовите домаќини не се способни да го исчистат и да обезбедат услови за регуларно одигрување на фудбалски натпревар.
Прашањето што само се наметнува, гласи: „А, ти трактор имаш ли?“
Прашањето е реторичко, затоа што одговорот сите го знаеме. Клубовите наши, со двајца без тројца полувработени, ниту имаат трактор, ниту кој да го вози. Важно е…демек се игра Прва лига. И тоа – само кога нема снег! Реално, нели е 21.век…
Многу посилни снежни врнежи го „нападнаа“ и Истанбул. Ќе речете дека нема споредба, разликата во светлосни години, но за снег чистење разговараме, а не за пат на месечината. За неполни два часа, турскиот клуб Галатасарај го исчисти снегот од „Турк Телеком арена“ и обезбеди услови за играње на натпреварот против Кашимпаша кој стартуваше од 14 часот.
Во Македонија, сите се израдуваа дека колото е одложено и ќе почекаме сите до следната недела – снегот да се стопи, па да почне (или продолжи) пролетниот дел од сезоната. Вчера во апсолутно зимски услови, и без употреба на трактор, на снежен терен, се одигра првиот пролетен натпревар меѓу Академија Пандев и Работнички.
Домашниот голман Марко Јовановски во 79.минута заринка во снегот, слабо ја дегажираше топката, за среќа на Работнички таа дојде до Кристијан Стојкоски кој шутна малку подобро од голманот и ја погоди противничката мрежа.
Сега, снегот го „суспендира“ првенството – се додека да се стопи…

-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Сонот на Меси, страста на Мароко и демократијата на Катар
Светското првенство функционира секогаш и секаде. Нема ништо слично, тоа е најразновидниот настан во...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Играат добро, ама бадијала – ако не победуваат!
Каде бевте? На натпревар. Што направивте? Игравме добро. Не, не, што направивте? Резултат…Загубивме. Ама,...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Њукасл е првиот финалист во Карабао куп (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Арсенал го промовираше Жоргињо (ФОТО)

Евро-фудбал
Гави ќе ја носи „шестката“ на Чави

Евро-фудбал
ПСЖ не го пушти Кејлор Навас во Нотингем Форест

Евро-фудбал
Реал ја одби понудата на ПСЖ за Марко Асенсио

Евро-фудбал
Рајо го победи Вилјареал на гости (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Лидс Јунајтед го доведе Вестон Меккени

Евро-фудбал
Њукасл е првиот финалист во Карабао куп (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Рајо го победи Вилјареал на гости (ВИДЕО)
