Тренерот на Барселона, Чави Хернандез, сега е отворен за останување во клубот и следната сезона. Само еден ден по поразот од Реал Мадрид, кој значи и дека каталонскиот клуб ќе ја заврши сезоната без ниту еден трофеј, Чави е подготвен да седне на маса со раководството на клубот и да ги разгледа опциите.
Чави, наводно, е задоволен од тоа како тимот напредувал во последните недели и што играчите изразиле голема желба тој да остане, како и членовите на управниот одбор, претседателот Жоан Лапорта и спортскиот директор Деко.
Сепак, сака гаранции дека тимот ќе се засили, не е тајна дека го сака Бернардо Силва, се споменува и Дани Олмо, но и поевтина опција за последен играч за врска, Гвидо Родригез од Бетис.
Во последните недели откако Чави најави заминување, Барса го истражуваше пазарот и не дојде до идеално решение за нов тренер.
Јирген Клоп е недостапен ова лето, а управата не верува во евентуален ангажман на Томас Тухел. Останатите опции засега се оставени во втор план.
Чави нема освоено ниту еден трофеј оваа сезона, но турна млади играчи кои би можеле да одбележат ера, како Ламин Јамал и Пау Кубарси. Тимот напредуваше со него, но не доволно за да се натпреварува со најсилните во Европа.
Лапорта е на потег, Чави се премисли и чека преговори…
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Атлетико Мадрид има нови сопственици
Млади репрезентации
Македонија У21 во Охрид ќе се подготвува за дуелите со Шведска и со Полска
Млади репрезентации
Македонија до 19 години на елитни квалификации во Португалија
Евро-фудбал
Конте: Не сакам да водам „мртов тим“
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)













