Џуд Белингам повторно е херојот на Реал Мадрид во Ел Класико. Откако го реши првото дерби оваа сезона, Англичанецот постигна победнички гол во 91.минута и на „Сантијаго Бернабеу“, за триумф на „кралевите“ од 3-2 и многу веројатно за освојување на трофејот во Ла Лига.
JUDE BELLINGHAM IS HIM!! CLUTCH FINISH TO PUT THE FINAL DAGGER IN THE HEART OF BARCELONA!! 🔥🔥pic.twitter.com/a6tnnFXTth
— LLF (@laligafrauds) April 21, 2024
Барселона двапати имаше водство, но на крајот сепак со празни раце ќе си оди од Мадрид.
Кристенсен ја доведе Барса во водство по грешката на Лунин во шестата минута, откако излета во празно по корнерот од десната страна. Дефанзивецот на Барселона со удар со глаја ја погоди мрежата на домаќинот.
Винисиус Жуниор израмни од пенал во 18.минута, а претходно Лукас Васкез беше фаулиран во шеснаесетникот на каталонскиот тим.
Во 69.минута, Фермин Лопез донесе нова предност за Барселона (1-2), но Реал Мадрид никогаш не се предава.
Лукас Васкез вечерва беше одличен и успеа да израмни во 73.минута, а потоа и асистираше за победничкиот гол на Џуд Белингам во 91.минута од дуелот.
Сега Реал Мадрид има 11 бода предност на врвот на табелата пред Барселона на шест кола до крајот на шампионатот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Атлетико Мадрид има нови сопственици
Млади репрезентации
Македонија У21 во Охрид ќе се подготвува за дуелите со Шведска и со Полска
Млади репрезентации
Македонија до 19 години на елитни квалификации во Португалија
Евро-фудбал
Конте: Не сакам да водам „мртов тим“
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)













