АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор од значење на Републиката (АДИССДП) испрати реакција на вчерашното соопштение на ФК Вардар во кое посочи дека „историјата ќе памети кој го избркал клубот од Градскиот стадион“.
„Барањето за користење на Националната Арена ‘Тодор Проески’ од страна на ФК Вардар за денешниот натпревар не е дозволено ЕДИНСТВЕНО поради огромниот долг кој клубот го има кон Друштвото во однос на користење на арената, и кој години наназад не се подмирува и покрај иницијативата која пред две години ја понуди Владата на РСМ долгот да се подмири на начин што друштвото ќе се откаже од каматите во однос на главниот долг, доколку клубот го исплати само главниот долг“, стои во соопштението на АДИССДП.
„Дрска и безобразна е реториката на закани и на посочување на Акционерското друштво како виновник за состојбата во која се наоѓа ФК Вардар. Напротив, АДИССДП работи исклучиво согласно законот и штитејќи го интересот на друштвото, додека вината за состојбите во кој за жал е оставен најтрофејниот македонски фудбалски клуб треба исклучиво да се бара кај оние кои во минатото раководеа со ФК Вардар на начин кој ја предизвика ваквата состојба на задолженост на клубот.
Националната Арена ‘Тодор Проески’ е објект од јавен интерес, сопственост на Република Македонија за чие користење право полагаат сите фудбалски клубови од Првата фудбалска лига подеднакво, под исти услови и почитувајќи исти правила“, се вели во реакцијата на АДИССДП.
Вардар оваа сезона како домаќин игра на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари, токму поради неисплатените долгови кон АДИССДП кои се наталожени веќе подолг период.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski