Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, зборуваше на прес-конференција пред утрешното Ел Класико. Логично, ја коментираше и драмата со Манчестер Сити во Лигата на шампионите.
Предноста на Реал Мадрид пред Барселона е осум бода, но доколку победат Каталонците ќе се врати интригата за првото место бидејќи по Ел Класико има уште 6 натпревари во Ла Лига. Реми и успех на „кралевите“, сепак, во пракса ќе биде еквивалентно на титула.
„Блиску сме до титулата, но Барселона е многу силен противник. Тортата е подготвена, овој месец треба да го додадеме шлагот“, изјави Анчелоти.
Некои од играчите не тренираа по мечот на „Итихад“, но Ферлан Менди е единствениот кој најверојатно ќе остане резерва, бидејќи беше вклучен во групата.
„Добро закрепнуваме. На некои им треба уште еден ден за рехабилитација, како Менди, на пример. Тој е многу важен за нас бидејќи е најдобриот бек во светот. Ниту на тренинзите не е лесно во Реал Мадрид. Да, Родриго исто така ќе одмори…до утре до почетокот на натпреварот. Едер Милитао би можел да започне утре. Подготвен е, добро тренира, му требаат само минути за да се врати во форма“, изјави Анчелоти.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal